Почетна Маркетинг Запознајте ги купувачите и внимателно таргетирајте ги!

Запознајте ги купувачите и внимателно таргетирајте ги!

СПОДЕЛИ

“ Таргетирајте ги купувачите „ – сите зборуваат. Не е лесно да се направи добра формулација на потенцијалните купувачи. Секако е неопходно и мора да посветите големо внимание да ги осознаете. Постојат најразлични техники како тоа да го изведете. Доколку постоите подолго време, најверојатно до сега сте го правеле ова истражување. Најверојатно можете да ги осознаете и преку сопствената база на податоци.

Меѓутоа, што доколку сте стартап? Што доколку треба да излезете на пазар за брзо време? Реално, во моментов имате само предвидувања за тоа што пазарот бара од вас. За да го знаете ова мора да направите и истражување кои се вашите купувачи. Без ова ништо нема да постигнете, па дури и производот да го направите совршен.

Лесно е да се идентификува кој би бил потенцијален корисник на производот, но тешко е да се разберат болните точки на купувачите. А тука е решението на нивните проблеми. Секој производ задоволува одредена желба на купувачите, односно им решава одреден проблем. Затоа мора да се потрудите што е можно подобро да ги знаете своите купувачи.

купувач
купувач

На самиот почеток на запознавање на купувачите, може да им давате едноставни имиња кои ќе ви помогнат подобро да ги запознаете. На пример ако имате продавница за спортска опрема може да ги класифицирате како: екстремни спортисти, рекреативни спортисти, љубители на зимски спортови и слично.

Потоа, за да ги дознаете подобро, може да спроведете анкети преку кои ќе ги прашате директно или да воведете контакт сегмент на вашиот сајт каде сами ќе можат да ви обратат.

корисници, купувачи
корисници, купувачи

За да си олесните кој е вашиот потенцијален купувач, може да го визуелизирате. Дајте му име, години, професија, хоби и секоја информација која подобро ќе го дефинира купувачот. Па дури можете и малце да си поиграте и да ги нацртате.

Запамтете дека ако погрешно ги дефинирате купувачите, колку и да имате добра маркетинг стратегија, големи се шансите ништо да не продадете.

работно, купувачи
работно, купувачи
loading...