Почетна Технологија Наследникот на легендата: фотографии од новата Nokia 3310

Наследникот на легендата: фотографии од новата Nokia 3310

СПОДЕЛИ

Фановите конечно ја дочекаа новата верзија на легендарната Nokia 3310.

Компанијата HMD Global официјално на Светскиот конгрес за мобилна технологија во Барселона, ја претстави долгоочекуваната современа верзија на легендарниот мобилен телефон Nokia 3310.

Современата верзија ќе добие екран во боја, а по дизајнот потсетува на својот претходник. Ќе добие и два мегапикселна камера.

Новиот телефон не е смартфон и ќе ги извршува истите функции од претходно: телефонирање, праќање смс пораки и тоа што сите го очекуваме и сакаме, батерија што трае со денови. Поточно батеријата ќе трае 22 часа во разговор и импресивни месец дена во мирување. Најважно, играта “Змија„ повторно ќе ни биде достапна.

Продажбата се очекува да започне во втората половина на 2017 година.

 

loading...