Почетна Маркетинг Trello – алатка која ќе ви помогне да се организирате

Trello – алатка која ќе ви помогне да се организирате

СПОДЕЛИ

Trello e платформа која ви помага заедно со тимот подобро да се организирате.

Вашите проекти ги уредува на визуелни бордови каде можете да ги запишете сите активности. Потоа можете да додате документи, да коментирате на постовите на бордовите и што е најважно, целиот тим има увид во тоа што го правите. Можете да додавате и стикери кои ќе ви ја зголемат визуелната претстава за тоа до каде сте со проектот.

Trello е веб платформа, што значи дека може да го пристапите од секој уред кој е поврзан на интернет. За да биде уште подостапен за корисниците тимот на Trello имаат изработено Android i iOS апликации кои се бесплатни.

Ние како тим, Trello го користиме за подобра организираност на активности (посебно кога работиме на далечина едни од други). Најмногу го користиме во организација на content marketing активностите.

Меѓутоа, знае да се најде и како корисна алатка за водење на состаноци. Можете во посебни бордови да ги напишете точките на дискусија предвидени за состанокот, да ги внесете сите коментари од учесниците, доколку изготвите документ да го прикачите. Ова нас ни користи да извадиме подетални извештаи за состаноците, особено ако се вклучени и луѓе надвор од тимот на rabotno.mk.

Ви препорачуваме да ја користите ќе ви олесни многу од секојдневните активности.

loading...