Почетна Претприемништво Индексирање со користење на XML Sitemaps

Индексирање со користење на XML Sitemaps

СПОДЕЛИ

XML мапа на сајт е едноставна листа на URL-а која им се обезбедува на машините за пребарување. Таа е клучна во идентификацијата на проблемите со индексирање.

Оваа статија ќе ви покаже како брзо да ги идентификувате проблемите со индексирање користејќи добари XML Sitemaps. Притоа тоа да биде на брз и ефикасен начин.

Структурата на XML sitemap не е директно поврзана со индексирањето. Но, доколку ја имате добро дизајнирано, може да ви помогне полесно да ги најдите проблемите во кодот на вашиот сајт.

XML Sitemaps за блогови

Еден блог се оджува и развива преку додавање на нова содржина на истиот, односно нови објави. До последните 10 објави најчесто може да се пристапи од насловната страна. Секоја нова објава предизвикува најстарата од една страна да де пренесе на следната. Ова се случува не само на насловната страна туку и на деловите од блогот коишто се резервирани за одредени категории и теми. Како резултат, најновата објава ќе биде секогаш прва, додека постарите постепено ќе се пренесуваат на следната страна. Неуспехот да се искористи соодветен внатрешен систем на поврзување може да предизвика непотребно продолжување на листата со секоја нова објава.

Со цел да се идентификуваат проблемите со индексирање предизвикани од внатрешното поврзување, се препорачува креирање на нова мапа на сајтот секој месец, само за објавите.

XML Sitemaps за онлајн продавници

Една типична карактеристика за онлајн продавниците е големиот број на продукти. Повеќето од информациите за производите потекнуваат од бази на податоци кои нудат детални описи и слики за производот, поради што често доаѓа до тоа во повеќе онлајн продавници за еден ист продукт да има ист опис. Ова предизвикува повторување (дуплицирање) на содржината. Сајтовите кои немаат уникатни содржини не се релевантни во индексирањето и треба да бидат изоставени од XML мапата.

Од друга страна пак, секогаш треба да се креира XML мапа за уникатните страни кои имаат индивидуализирана информација за продуктот.

Се препорачува да се групираат URL-овите во различни категории и потоа да се класифицираат истите според кореспондирачките мапи. На пример: вид на производ и подгрупа, датум, бренд и слично.

loading...